Monday, May 11, 2015

СИДА-та е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со ХИВ. Најчести симптоми се губење на телесна тежина, потење,малаксалост, габични инфекции,модринки по тело, исип, пролив, отечени лимфни жлезди, грозница. Често се манифестира и со појава на инфекции на белите дробови, појава на туберкулоза или малигни заболувања и завршува со смртен исход.


ХИВ (Human Immunodeficiency Virus)претставува кратенка од англискиот поим за вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот. Тој е вирус кој го напаѓаимунолошкиот систем кој помага во заштитата на човекот од болести. Кога нашиот имунолошки сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА(синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имунолошкиот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА. Со ХИВ може да се инфицира секој - без разлика на пол, возраст, сексуална ориентација, национална, верска припадност, ниво на образование и др.!!!

No comments:

Post a Comment